Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“. Победи, вечерва запишаа и другите два тима од Шпанија. Барселона во Истанбул го совлада Галатасарај со 4:1, а Виљарела со 3:1 славеше против Наполи.
Дуелот на „Метрополитано“ го отвори Пабло Бариос со гол по само 50 секунди игра. Беше тоа мат во четири потега. Акцијата ја започна голманот Облак, Кардосо го исфрли Баена по левата страна, по што следуваше асистенција за Бариос.
Во првиот дел централна фигура беше голманот Облак, два пати во ситуации „еден на еден“ ги одбрани ударите на Мбеумо. Атлетико се закани преку Грималдо, кој од слободен удар ја погоди гредата.
Во 42-та минута, Вар го поништи голот на Кардосо. Во зачетокот на акцијата Љиоренте играше со рака.
Во вториот дел, брџза акција на Атлетико, Бариос го пронајде Алварез, но волејот заврши во стативата. Веднаш потоа голема шанса имаше Фернадеш на спротивната страна, го префрли Облак, но топката заврѓи крај голот.
Во 74-та минута, повторно брза акција на Атлетико, Дејвид тргна кон голот на Ламенс, беше фаулиран од Јоро, а по прегледувањето на снимката дефанзивецот на Јунајтед доби црвен картон.
Три минути подоцна, Атлетико го реши мечот. Дејвид биеше, Леменс одбрани, а на одбиената топка налета Лукман и ја смести во голот.
До крајот неколку опасни напади имаше Атлетико, а Облак се исткна и во 93-та минута, кога го одбрани ударот на Куња.
Барселона со блиц-криг го реши Галатасарај. Домаќините водеа со голот на Батраков во 28-та минута. Шест минути подоцна голот на Јилмаз беше поништен поради офсајд.
Барселона изедначи во 43-та минута преку Кансело. Пресвртот го комплетираше Фермин Лопез во 50-та, а три минути подцна Гордон зголеми на 1:3. Точка на натпреварот стави Адејеми во 68-та минута.
Победа по пресвфрт, на домашен терен забележа Воиљареал против Наполи. Рахмани им донесе предност на гостите во осмата минута.
Следуваше жесток одговор на „жолтата подморница“. Микаутадзе изедначи во 23-та , а три минути подоцна гол постигна и Мурињо. Точка на мечот стави Олувасеи во 86-та минута.
Foto/ EPA