(Видео) Мицкоски: Ја градиме Македонија, започна изградба на автопатот Букојчани-Кичево


mickoski-bukojcani-kicevo1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Она што за мене претставува многу значајно е фактот дека без оваа секција се она останато коешто го правиме, немаше смисла. Практично овој сега целиот проект којшто го поврзува Охрид со главниот град, со Скопје има смисла, но има смисла и целата онаа политика за којашто зборуваше Александар во своето обраќање, а тоа е политиката на оваа Влада кога беше избрана во 2024 година, да ја направи земјата раскрсница којашто ќе се темели на четири столба“, кажа премиерот Христијан Мицкоски, на почетокот на изградбата на автопатот Букојчани – Кичево.


„Тогаш почнавме со три столба, но некако како одминуваше времето таа наша цел и тој наш предизвик го проширивме и денеска зборуваме за четири столба, а тоа е: да бидеме раскрсница на два пан-европкси коридори-тоа е Коридорот 8 и коридорот 10 во смисол на патната инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура и гасната инфраструктура.

На тој начин геостратешкото значење на земјата станува навистина нешто коешто претставува поголема можност за сите граѓани, но и претставува предуслов да се развиваат современи индустрии, а државата добива навистина нешто поголемо, поголема додадена вредност кога станува збор со споредбата и компарацијата со годините во минатото.

Јас сум навистина горд и среќен што присуствува во овие значајни моменти за иднината на земјата и генерациите коишто доаѓаат, бидејќи сите проекти кои се дел од оваа стратегија на четири столба можам да кажам дека се започнати, се движат, некои веќе се завршуваат.

Јас веќе очекувам многу скоро од денеска една делница од автопатот Кичево-Охрид да биде пуштена, тоа е од Извор до Врбјани, а исто така како што кажа и директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски таа целосна делница од Кичево до Охрид да биде пуштена најдоцна првата половина од 2027 година.

Исто така следната година очекувам пуштање и на гасоводот којшто ќе ја поврзе земјата со нашиот јужен сосед, започнати се работите на гасниот интерконектор со нашиот северен сосед, се работат автопатските делници и поврзувањата којшто се дел од Коридорот 8 и коридорот 10 Д, очекувам на коридорот 10Д првите километри да бидат пуштени во функција следната година.

Така што се работи интерконекторот на високонапонско ниво којшто треба да не поврзе со нашиот западен сосед, сето она коешто има смисла, а се темели на оваа стратегија на четири столба е задвижено, се работи и ние како Влада продолжуваме да останеме фокусирани на сето тоа.

Првите индикатори во економска смисла се појавуваат, еве после 27, 28 месеци напорна работа, во услови кога имавме уништена држава и во услови кога пред нас се случува епски најголемата криза којашто човештвото ја памети ние успеваме како Влада да извлечеме резултати коишто не вбројуваат во првите држави во Европа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK