Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали


dva-i-pol-mazi-depositphotos_12990901_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба за време на снимањето на нивната последна сцена што неговата колешка Мелани Лински била преплашена.


Во извадок од своите претстојни мемоари „Ситком“, објавен во „Венити фер“, Лори се присетува на последните денови од соработката со Шин, кој осум сезони го играше Чарли Харпер.

„Последната сцена ја снимавме со Чарли и Мелани Лински. Не можеше да се сети на ниту една реплика и мораше да се потпира на мебелот за да остане на нозе“, напишал Лор.

„Мелани беше преплашена. На сите ни беше јасно дека човекот што толку многу го засакавме има сериозни проблеми. Немав друг избор освен да го прекинам снимањето“, додал тој.

Лор тврди дека Шин сè почесто отсуствувал од снимањата, а екипата постојано стравувала што би можело да му се случи додека не бил на работа.

Кога било одлучено привремено да се прекине продукцијата, Лор му предложил да снимат уште две епизоди, по што би следувала тримесечна пауза за лекување и закрепнување. Меѓутоа, Шин инсистирал да снимат уште четири епизоди.

По низа јавни навреди упатени кон Лор, договорот на Шин бил раскинат во 2011 година, а неговото место во серијата го презел Ештон Кучер.

Сепак, по повеќе од десет години, двајцата се помириле и повторно соработувале во хумористичната серија „Bookie“.

„Речиси веднаш штом почнавме да разговараме, се сетив дека некогаш бевме пријатели. Одеднаш изгледаше како тоа пријателство да се вратило“, изјавил Лор за „Варајети“ во 2023 година.

Шин, кој отворено зборува за својата борба со зависностите, тврди дека од 2017 година не консумира алкохол и дрога. Во едно од своите понови интервјуа изјавил дека денес не му е тешко да остане трезен и дека не сака да се врати на стариот начин на живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK