Турција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години


socijalni-mrezi-Depositphotos_64793051_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турција им забрани на социјалните мрежи да им нудат услуги на деца помлади од 15 години, според новите прописи објавени во Службениот весник.


Прописите, кои во Турција стапуваат во сила на 1 ноември, ги обврзуваат платформите да воведат проверка на возраста на корисниците, со заштита на личните податоци, и да понудат посебни услуги и алатки за родителски надзор за малолетниците постари од 15 години.

Како што пренесува Анадолија, родителите ќе можат да управуваат со поставките на профилите на своите деца, да го ограничуваат времето на користење и да одобруваат платени трансакции.

Проверката на возраста за постојните профили мора да заврши до 31 март 2027 година, а профилите на корисниците помлади од 15 години ќе бидат затворени.

Прописите се дел од новиот закон за социјални мрежи што турскиот парламент го усвои во април.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK