Следуваат дождливи денови, северен ветер и снег на дел од повисоките планини


dozd-depositphotos-meteo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.


Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 литри на метар квадратен, особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 километри на час. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK