(Видео) Земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Панама


zemjotres-panama-depositphotos_713623094_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на јужниот брег на Панама, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот се случи на длабочина од десет километри.


Земјотресот предизвика опасност од цунами долж делови од пацифичкиот брег на Централна и Јужна Америка. USGS првично ја процени јачината на 8,0 степени, но подоцна ја коригираше на 7,7. Засега нема извештаи за материјална штета во Панама.

Потресот ги заниша зградите во главниот град, Панама Сити, принудувајќи ги луѓето да ги напуштат објектите и да излезат на улиците. Вознемирените жители се собраа на отворено, очекувајќи информации за можните последици од земјотресот.

„Силно го почувствувавме. Предметите во кујната паѓаа, но ние сме добро, иако сме многу исплашени. Сите се надвор и се преплашени“, изјави за АП 60-годишниот Розендо Домингез од провинцијата Херера, каде што беше епицентарот на земјотресот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK