Алијанса за Албанците: Ние не сме гости во оваа држава и нема да прифатиме да бидеме заложници на ничии политички калкулации!


alijansa.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Ние, Албанците, отсекогаш сме ги почитувале и поддржувале идентитетот, јазикот и достоинството на нашите сограѓани Македонци, дури и кога таа почит не била взаемна. Никогаш не сме го оспорувале нивниот идентитет, додека ние самите и понатаму сме дефинирани во Уставот со понижувачката формулација од 20 проценти“, велат од Алијансата за Албанците.


„Албанците сочинуваат речиси една третина од населението. Ние не сме гости во оваа држава и нема да прифатиме да бидеме заложници на ничии политички калкулации!

Договорот е договор! Обврските од 2022 година мора да се исполнат, без разлика дали тоа му се допаѓа на Мицкоски или не. Стравот од хипотетички услови од страна на Бугарија не може да служи како оправдување за блокирање на европската иднина.

Мицкоски беше во поповолна позиција во 2024 година отколку што е денес, во 2026 година. Ако продолжи вака, во 2028 година најверојатно ќе биде во уште послаба позиција. Времето покажува дека колку подолго се одолговлекува процесот, толку поскапо ја плаќаат цената сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

Младите си заминуваат, семејствата се иселуваат, а политиката продолжува да купува време. Груевски ни изгуби една деценија. Албанците нема да чекаат уште една деценија за Мицкоски!

Вие сте Влада, имате мандат и одговорност. Проголтајте го овој залак, усвојте ги уставните измени и отворете го европскиот пат! Ако утре се појават нови пречки, соочете се со нив тогаш. Ние покажавме трпение, разбирање и поддршка. Но, трпението не е бесконечно.

На европскиот пат не сте сами. Но, не нè принудувајте нас, Албанците, да ве оставиме сами во вашата политичка блокада. Тоа не би бил добар пат за никого.

Алијансата за Албанците нема да поддржува политики што ја жртвуваат иднината на граѓаните за партиски интереси. Доста е со изговори! Време е за одлуки ДЕНЕС, а не во 2028 година!“, се наведува во соопштението на Алијансата за Албанците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK