Триглав Осигурување Живот ја претстави „Таа+“ – прв производ што ги обединува животното осигурување, превенцијата и грижата за женското здравје


triglav_0002
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Колку често жените се грижат за семејството, работата и обврските кон другите, а сопственото здравје го оставаат во втор план? Ова прашање беше во фокусот на настанот „И ТИ СИ ВАЖНА – Утро посветено на неа“, на кој Триглав Осигурување Живот ја претстави „Таа+“ – прв производ на македонскиот пазар што ги поврзува животното осигурување и превентивната здравствена грижа.

„Таа+“ е создадена со едноставна, но значајна цел – грижата за сопственото здравје да не биде нешто што постојано се одложува, туку да стане природен и редовен дел од секојдневието на секоја жена.


Со „Таа+“, Триглав Осигурување Живот уште еднаш ја потврдува лидерска позиција во развојот на современи и општествено релевантни осигурителни решенија. Производот е резултат на стремежот осигурувањето да понуди повеќе од финансиска сигурност и да стане активен партнер во зачувувањето на здравјето и на квалитетот на животот.

Зборувајќи за новиот производ, генералната директорка на Триглав Осигурување Живот, Христина Џамбазовска Анастасов, го нагласи значењето на превенцијата и навремената грижа за женското здравје.

„Таа+ не е создадена само како продукт за животно осигурување. Таа е создадена за жените, за нивната сигурност, за нивното здравје и за нивната иднина. Покрај осигурителната заштита, полисата овозможува и здравствени прегледи за жени затоа што веруваме дека превенцијата не е луксуз, туку неопходност. Грижата за себе треба да биде дел од животот на секоја жена, а не нешто што постојано го одложуваме“, изјави Џамбазовска Анастасов.

Во рамките на „Таа+“,  корисничките добиваат осигурителна заштита дополнета со превентивни медицински прегледи за жени, а преку апликацијата Triglav Smart Card имаат пристап и до едукативни содржини за здрава исхрана, здрави животни навики и совети превентивни со превентивна здравствена заштита.

Вредноста на „Таа+“ не се огледа само во нејзината иновативност, туку и во нејзината поширока општествена мисија. Производот е дел од иницијатива која предвидува обезбедување бесплатни превентивни прегледи за жени од социјално ранливи категории, испраќајќи јасна порака дека пристапот до превенција и навремена грижа треба да биде достапен за секоја жена.

Со лансирањето на новиот производ, Триглав Осигурување Живот отвора ново поглавје во развојот на животното осигурување во земјата, трансформирајќи го од инструмент за финансиска заштита во решение кое активно придонесува за подобро здравје, поголема свесност и поквалитетен живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK