Двократниот добитник на наградата за најдобар играч во НБА, Канаѓанецот Шеј Гилџус-Александер, стана малцински косопственик на Атлетико Мадрид.
„Возбуден сум затоа што станав дел од Атлетико Мадрид. Ова е клуб кој има долга историја во европскиот фудбал“, рече Гилџус-Александер, кој беше претставен од црвено-белиот клуб од Мадрид на неговите официјални канали.
Канадскиот кошаркарски репрезентативец ја освои шампионската титула во НБА со Оклахома Сити во 2025 година. Тоа беше прва шампионска титула за тим од внатрешноста на Соединетите Американски Држави. Шеј Гилџус-Александер постигнуваше 31 поен по натпревар минатата сезона и ја заработи својата втора награда за МВП по ред.
Атлетико Мадрид е на врвот на шпанскиот фудбал со години и е постојана закана за Реал Мадрид и Барселона во сите натпреварувања. Атлетико ја елиминираше Барселона од Лигата на шампионите и Купот на Кралот минатата сезона. Тој ја освои последната титула во шпанското првенство во 2021 година.
Foto/ EPA