Педро ја заврши кариерата


depositphotos_514076568_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот напаѓач, Педро Родригез, светски шампион од 2010 година и легенда на Барселона, објави дека ја завршува својата кариера на 40-годишна возраст. Тој ја сподели одлуката со јавноста на социјалните мрежи. Педро е без клуб од 30 јуни, кога му истече договорот со Лацио.


„Чувствувам дека моментот е вистински. Време е за нов чекор и почеток на нова етапа во животот. Си заминувам горд затоа што го живеев својот сон и сум благодарен на сите што ми помогнаа да го остварам. Му благодарам на фудбалот што ме направи толку среќен“, беше дел од пораката на Педро.

Педро се пензионира како еден од најтрофејните шпански фудбалери во историјата. На листата на неговите трофеи се наоѓаат Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година. Тој освои три Лиги на шампиони со Барселона, Премиер лигата со Челзи, а во својата ризница има и пет титули во шпанското првенство, три европски Суперкупа, Лигата на Европа, три Купа на Кралот…

За време на својата професионална кариера играше за Барселона, Рома, Челзи и Лацио и за шпанската репрезентација.

Вкупно, одигра 841 официјален натпревар и постигна повеќе од 200 голови. Во Лацио, неговиот последен клуб, постигна пет гола минатата сезона, а дури 14 сезоната пред тоа (2024/25).

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK