Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина.
„Има ажурирани разузнавачки информации кои покажуваат дека Русија подготвува масовен напад“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.
Тој нагласи дека украинските служби и воздухопловните сили се подготвени да одговорат во рамките на можностите што ги овозможуваат расположливите средства за одбрана.
Зеленски рече дека позицијата на Украина во голема мера ќе зависи од тоа што сојузниците ќе можат да ѝ обезбедат од оружјето потребно за одбрана од новиот руски напад.
„Многу работи зависат од нашите партнери, од секој лидер и секоја земја во светот која располага со одбранбени капацитети што ни се потребни и може да ни ги обезбеди“, рече Зеленски.
Тој додаде дека клучна е политичката волја, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и меѓу другите партнери.