Клековски: Трансформацијата на здравството мора да се почувствува на патот на пациентот


fb_img_1791288147998.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се обрати со воведно обраќање на извршната тркалезна маса „Градење одржлив, достапен здравствен систем ориентиран кон пациентите“, во организација на Холандската стопанска комора во Македонија. На неа учествуваа креатори на политики, даватели на здравствени услуги, клинички експерти, финансиски и меѓународни чинители и претставници на индустријата.


По Клековски, поздравно обраќање имаше извршниот директор на Холандската стопанска комора, Боб Смит, кој официјално го отвори настанот.

„Секое вложување во опрема, објекти и дигитализација го мериме со едно прашање — дали пациентот побрзо доаѓа до дијагноза и лекување и дали добива иста грижа без разлика каде живее. Не е важно само колку инвестираме, туку колку ефикасно инвестираме — со јасни приоритети, со подобро искористување на она што веќе го имаме и со партнерства што носат вредност за јавното здравство“, изјави Клековски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK