Татко и син убиени во лов во Норвешка


Ловџија-со-пушка-повредил-39-годишен-маж-од-Македонска-Каменица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Татко и син утрово се застрелани, а трето лице се здоби со тешки повреди опасни по живот во шумска област во близина на норвешкиот град Халден, објави новинската агенција НТВ.


Жртвите, пренесува ДПА, се маж на возраст од седумдесетина години и неговиот син на возраст од четириесеттите години, а двајцата наводно биле дел од група ловци.

Полицијата на самото место уапсила маж на возраст до доцни дваесети години, кој е  обвинет за убиствата, пренесува германската агенција.

Според полицијата, осомничениот не бил дел од групата ловци, пренесе норвешката агенција.

Напаѓачот наводно бил совладан од сведоците на настанот, кои го задржале до пристигнувањето на полициските службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK