По речиси 20 години играње за репрезентацијата, над 150 натпревари, два настапи на Светските првенства и многу незаборавни моменти, Един Џеко официјално се збогува со репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Џеко дури успеа да ја затресе мрежата, но ВАР го спречи босанскиот „Дијамант“ да го надмине рекордот на Кристијано Роналдо и да стане најстариот стрелец во историјата на Лигата на нации.
Две минути по водството на Шведска преку Виктор Ѓекереш, во 63-та минута, тој го напушти теренот. Соиграчите му приредија шпалир, со што заврши една блескава кариера во националниот тим.
Edin Dzeko, milli takıma böyle veda etti.
Gerçekten büyük karakter, büyük futbolcu. pic.twitter.com/UTKUvdkQKF
— Saraçoğlu Sports (@SaracogluSports) October 2, 2026
Но, Босна не се предаде во Зеница. Керим Алајбеговиќ, човек кој е роден истата година кога Џеко дебитираше за репрезентацијата, успеа да израмни десет минути пред крајот.
Вистинскиот наследник на Џеко, веројатно и иден лидер на репрезентацијата.
По три кола, Босна има пет освоени бода.
Foto/ EPA