(Видео) Шерон Стоун: Забременив како тинејџерка поради лошата сексуална едукација


13994441.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шерон Стоун смета дека недостатокот на сексуално образование довело до тоа таа да забремени како тинејџерка.


Познатата актерка Шерон Стоун претходно отворено зборуваше за тоа дека направила абортус на многу млада возраст; сега таа објасни дека таа и нејзиното тогашно момче сфатиле оти незаштитениот секс има последици дури откако таа почнала да добива на тежина.

За време на гостувањето во подкастот „IMO“ на Мишел Обама и Крег Робинсон, таа изјави:

„’Дали тој човек те вознемирува? Дојди ваму.’ Тоа беше сè што опфаќаше разговорот со мајка ми за сексуалното образование. Замислете, имав 17 години и одев на училиште, додека моето момче имаше 23. Тој беше електричар на железницата – многу добро платена работа во нашиот град. Имаше скап автомобил, скап мотор, сопствен стан и сигурна работа. Да се ​​биде електричар на железницата беше најдобрата работа што можевте да ја имате.“

„Но, тој немаше никакво знаење или информации за тоа дека треба да користам некаков вид контрацепција, а и јас немав поим. Кога велам дека можев да бидам онаа девојка што се породила во тоалет, навистина го мислам тоа.“

Мишел ја потсети Шерон дека претходно спомнала оти токму нејзиното момче забележало дека таа се здебелила, што довело до сознанието дека е бремена.

„Никој не ми кажа: вака изгледа кога добиваш менструација, вака функционира тампонот. Гледајте, тампоните дури и не се тестирале со човечка крв сè до 2016 година. Ги тестирале женските хормони врз мажи бидејќи резултатите биле поконзистентни. А сега, наместо да им обезбедиме здравствена заштита на жените, сакаме да ги гониме кривично затоа што доживеале спонтан абортус? Каква глупост е тоа?“

Потоа, Шерон и Мишел се пошегуваа за тоа колку поинаков би бил светот доколку мажите можеа да забременат.

„Ако мажите можеа да забременат, ќе можеше да направиш абортус преку автомат.“

Шерон претходно зборуваше за тоа како морала да патува во Охајо за тајно да ја прекине бременоста, откако не успеала да закаже термин во нејзината матична држава Пенсилванија. Таа опиша како по тоа се чувствувала многу осамено. Во своите мемоари од 2021 година, The Beauty of Living Twice, таа напиша дека обилно крварела и дека нејзината состојба била многу полоша отколку што очекувала, но сепак целата ситуација морала да остане тајна, а таа немала никого кон кого би можела да се обрати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK