Со почетокот на учебната година, во домот повторно се слушаат прашањата: „Ги спакува ли книгите?“, „Имаш ли домашна?“ и „Во колку часот ти почнува тренингот?“ Деновите добиваат нов распоред, а родителите и децата се навикнуваат на неговиот ритам. Сепак, некои од најубавите семејни моменти се случуваат токму меѓу обврските – кога детето ќе посака уште малку да игра, а родителот ќе седне до него.
Што е тоа што ги спојува децата и родителите? Некогаш е игра чии правила децата ги објаснуваат со голема сериозност, а возрасните ги учат со насмевка. Некогаш е приказна што почнува со „Кога јас одев на училиште…“ и веднаш предизвикува нови прашања. А понекогаш е сосема обична ужина, споделена додека сите раскажуваат како им поминал денот.
Во тие разговори децата откриваат дека и нивните родители некогаш брзале да завршат со часовите за да излезат да играат, имале најдобар другар во клупата и со нетрпение ја чекале омилената ужина. Родителите, пак, дознаваат што денес ги радува нивните деца, што им било тешко и со што се гордеат. Кога има простор за вакви мали приказни, децата се чувствуваат слушнати, а родителите добиваат можност да бидат дел од нивниот свет.
Тоа е моментот за Моја Кравица чоколадно млеко, момент што родителите ги навраќа на детството а за децата создава бесценет момент. Тоа е познат вкус што родителите и децата можат да го споделат додека разговараат, се смеат и смислуваат што ќе играат следно. Зашто поканата за Моја Кравица е момент за секој повторно да биде дете и за едноставна радост кога возрасните ќе ги остават обврските настрана и ќе им се придружат на децата во нивниот свет и да создадат нови спомени заедно. Бидејќи времето поминато заедно е она што и едните и другите најдолго ќе го паметат од овие училишни денови.
