Ужас на автопатот кај Лесковац: Камион се преврте и се запали – возачот изгоре во кабината


12284818.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возач на камион го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот кај селото Печењевце, во близина на Лесковац, објави српски „Телеграф“.


Службите за итна помош добиле драматична пријава во 2:00 часот по полноќ. При пристигнувањето на местото на настанот, противпожарните и спасувачките екипи затекнале застрашувачка глетка: камион превртен на страна, зафатен од силен пожар.

По брзата интервенција и напорите да се стави пожарот под контрола, пожарникарите го пронашле безживотното тело на возачот додека ја пребарувале изгорената кабина.

Увидот на лице место ќе ги утврди сите околности и причини за оваа трагедија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK