Најновото модно издание на бремената Ен Хатавеј ги остави сите без здив; овој пат, тоа се случи на њујоршката премиера на филмот Verity, во кој таа глуми заедно со Дакота Џонсон.
Anne Hathaway made sure the “Verity” cast photo went as seamlessly as possible at the NYC premiere. 😂 https://t.co/9PkbiAvG89
— Page Six (@PageSix) September 30, 2026
Бремената Ен Хатавеј блесна на њујоршката премиера на Verity. Иако сме навикнати на уникатните и смели модни избори на оваа убавица – која моментално го очекува своето трето дете – таа постојано успева да ги помести границите на беспрекорниот стил.
Покрај Дакота Џонсон – чиј изглед на црвениот тепих беше нешто поскромен од вообичаеното – Ен заблеска, докажувајќи дека е во посебна категорија, дури и во напредната фаза од бременоста.
View this post on Instagram
Со стилскиот потпис на Ерин Волш, Хатавеј носеше црн фустан од тантела со крој „сирена“ и проѕирен, светкав детаљ што потсетуваше на наметка. Според магазинот People, креацијата потекнува од колекцијата на брендот Prabal Gurung.
Таа го надополни изгледот со дијамантска нараквица и обетки во форма на солза додека присуствуваше на настанот во киното „AMC Lincoln Square 13“.
View this post on Instagram
Што се однесува до шминката, актерката се одлучи за едноставни бронзени тонови на очите и мат кармин во „нуд“ нијанса. Својата долга кафеава коса ја стилизираше така што горниот дел беше подигнат, додека остатокот слободно паѓаше.
Снимките од црвениот тепих на кои Ен Хатавеј е главна ѕвезда ги преплавија социјалните мрежи. Таа и Дакота Џонсон предизвикаа вистинска возбуда на црвениот тепих, поттикнувајќи бран позитивни коментари за славните убавици.