(Видео) Експлодираше гасовод во близина на Дамаск; три термоелектрани не работат


13511043.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќешната експлозија на гасовод јужно од сирискиот главен град Дамаск доведе до исклучување на неколку електрани, соопшти Сириската компанија за електрична енергија (SEC).


Од компанијата изјавија дека електраните „Деир Али“, „Насирија“ и „Тишрин“ биле исклучени од мрежата по експлозијата на гасоводот во близина на електраната „Тишрин“, со што бил прекинат доводот на гас неопходен за нивно функционирање.

„Пожарот што избувна по експлозијата сè уште гори“, соопштија од компанијата, додавајќи дека специјализирани екипи работат на санирање на последиците од инцидентот во близина на градот Ал-Отајба, југоисточно од Дамаск.

Исклучувањето на електраните привремено ќе го намали производството на електрична енергија и ќе ги продолжи прекините во снабдувањето поради недостиг на расположливи производни капацитети, наведе компанијата. Пред да бидат исклучени од мрежата, трите електрани ја снабдувале сириската електроенергетска мрежа со околу 60 мегавати електрична енергија, пренесе извор.

Жителите слушнале експлозија
Жителите на Гута, во близина на Дамаск, изјавија за агенцијата ДПА дека слушнале експлозија, по што виделе пламен во близина на Ал-Отајба. Тие не пријавија жртви, но напоменаа дека еден пат во близина бил затворен за сообраќај.

Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдел Хамид Салат, изјави за државната новинска агенција САНА дека специјализирани екипи успеале да ги затворат вентилите за гас и да го изолираат оштетениот дел од гасоводот во близина на термоелектраната „Тишрин“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK