Трамп по средбата со Ши: Имавме одличен разговор


tramp-depositphotos_867643202_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг била одлична, откако двајцата лидери разговараа во Белата куќа.


Ши на средбата изјавил дека Кина го поддржува враќањето на Соединетите Американски Држави и Иран кон договорот постигнат во јуни, чија цел беше завршување на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Кинескиот претседател, исто така, изразил надеж дека САД ќе го задржат ставот против „независноста на Тајван“ и дека внимателно ќе постапуваат по прашањето за Тајван, наведува Синхуа.

Ова е втора средба меѓу Трамп и Ши оваа година, по период на трговски тензии меѓу двете најголеми светски економии.

Двете страни во последните месеци настојуваат да го продолжат трговското примирје, додека и натаму остануваат отворени прашањата за пристапот до напредни технологии и кинеските ограничувања за извоз на ретки земни минерали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK