Утре облачно и постудено, наместа над 30 литри дожд на квадратен метар


dozddepositphotos_309912094_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK