„Вреди“: Партнерството со САД и проширувањето на ЕУ остануваат клучни за иднината на регионот


bekim-sali-on.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и генерален секретар на „Вреди“, Беким Сали, беше дел од разговорите за партнерството со САД и европската иднина на Северна Македонија, велат од оваа партија.


„Во Вашингтон, Сали учествуваше на дискусијата на Атлантскиот совет посветена на безбедноста, соработката со САД и патот кон ЕУ.

Во Њујорк, за време на Неделата на Генералното собрание на ОН, тој учествуваше на средбата со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, и претставници на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Во центарот на разговорите беше европската перспектива на регионот и потребата проширувањето на ЕУ да остане на политичката агенда.

За „Вреди“, Северна Македонија треба да биде присутна во разговорите со партнерите кои влијаат врз иднината на регионот“.

Европскиот пат, оценуваат од таму, бара реформи во земјата и континуиран ангажман со нашите меѓународни партнери. Според „Вреди“, на Западен Балкан му се потребни конкретни чекори кон ЕУ.

„Северна Македонија треба да го направи својот дел преку реформите, додека „Вреди“ ќе продолжи да го поддржува партнерството со САД и европската интеграција на земјата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK