Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице во врска со нападот врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“.
Против едно лице е отворена истрага за кривично дело насилство.
„Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката ‘Букурешт’, осомничениот извршил грубо насилство врз лекар – гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканувал и физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата“, соопшти обвинителството.
Јавниот обвинител до судот достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.