Вчера во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 26-годишниот И.Д. од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.