Цената на нафтата „Брент“ денес порасна по четири последователни сесии на пад и се движи околу 102 долари за барел, фјучерсите за гас во Европа беа продадени на отворањето на берзата TTF за 73,7 евра за мегават-час, додека европските берзански индекси се нерамни.
Фјучерсите за нафтата „Брент“ од Северното Море за ноември пораснаа за 1,36 проценти на 101,70 долари за барел, додека американскиот WTI за октомври порасна за 1,71 процент на 97,42 долари за барел, објави CBS.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент објави дека од среда, иранските авиокомпании практично нема да можат да работат низ целиот свет, со предупредување до компаниите што им обезбедуваат услуги дека би можеле да го изгубат пристапот до американскиот финансиски систем. Според него, ова би значело дека на странските компании нема да им биде дозволено да обезбедуваат гориво, услуги за слетување или продажба на билети за иранските авиокомпании без ризик од санкции од САД.
Новите мерки претставуваат дополнително заострување на американскиот економски притисок врз Техеран, додека пазарите истовремено ја следат можноста за дипломатско решение на конфликтот, пренесува Танјуг.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан треба да пристигне во Њујорк за да учествува на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што ќе ги презентира ставовите на Иран за меѓународните настани.
Европските фјучерси за гас за октомври беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 73,735 евра за мегават-час.
Според податоците од 9:30 часот наутро, германскиот берзански индекс DAX забележа пад од 0,21 процент, миланскиот FTSE MIB за 0,34 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,04 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,03 проценти, а московскиот IMOEX за 0,99 проценти.
Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,14622 долари.
Цената на златото падна на 4.322,51 долари, а цената на пченицата на 7,2474 долари.