Прво пенливо вино од линијата Luda Mara на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена


Foto 2_Tikves_Luda Mara Sparkling
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари. Од „Тиквеш“ посочуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

 Брендот Luda Mara во изминатиот период изгради силна препознатливост и одличен прием кај потрошувачите. Проширувањето со пенливо вино претставува ново поглавје во развојот на линијата, но и одговор на зголемениот интерес на потрошувачите за свежи и разновидни вина што се вклопуваат во различни моменти и пригоди.


Истовремено, Luda Mara Sparkling ја одразува пошироката амбиција на „Тиквеш“, потпирајќи се  на повеќе од еден век винарска традиција и над 1.000 меѓународни награди и признанија, да создава брендови и вина кои според квалитетот, идентитетот и дизајнот се на исто рамниште со останатите познати светски винарници.

„Со Luda Mara Sparkling внесуваме нова свежина во нашето портфолио и ја развиваме линијата Luda Mara во согласност со современите трендови и очекувањата на потрошувачите. Создадовме пенливо вино со автентична врска со Тиквешкото виногорје, но и со јасна меѓународна перспектива. Создадовме производ кој и според својот квалитет и според дизајнот може да застане рамо до рамо со најреномираните светски брендови“, велат од Винарската визба „Тиквеш“.

 Свеж и хармоничен вински израз за различни пригоди

Luda Mara Sparkling е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај, со фино и долготрајно перлење. Во мирисот се препознаваат нежни цветни и цитрусни ароми, надополнети со ноти на зелено јаболко и круша, додека вкусот е свеж, хармоничен и со чиста овошна завршница.

Новото пенливо вино е наменето за различни пригоди, од спонтани дружења и вечери, до прослави и одбележување на посебни моменти. Најдобро се служи разладено, на температура од 6 до 8 °C, а одлично се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, тестенини и овошни десерти.

Името Luda Mara потекнува од реката што протекува низ Кавадарци, во срцето на Тиквешкото виногорје. Оваа непосредна врска со местото на потекло останува важен дел од идентитетот на линијата, а со Sparkling добива нов, пожив и поинтернационален израз.

Luda Mara Sparkling веќе е пуштено во продажба и во почетниот период ќе биде достапно во ограничени количини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK