Човекот што ќе ја наследи капитенската лента во репрезентацијата на Аргентина, од Лионел Меси, Кристијан Ромеро, отворено агитира за славниот сонародник во приказната околу Златната топка.
Ромеро вели дека Меси е единствениот што заслужува да ја добива престижната награда секоја година.
„Златната топка треба да му се даде на Меси. Додека не се пензионира, тоа е јасно. Никој не е како него. Кога ќе одлучи да не игра повеќе, ќе видиме на кого да му ја дадеме“, рече Ромеро.
Лионел Меси ја освоил оваа награда рекордни осум пати. А главни фаворити оваа година се поранешниот соиграч на Ромеро, Хари Кејн, потоа Килијан Мбапе и шпанскиот тандем Родри – Ламин Јамал.