Товарниот брод First Margaux се судри со кинескиот рибарски брод Luqing Yuanyu 108 во водите близу Сингапур. На социјалните мрежи се појавија снимки од несреќата што се случи во четвртокот, 17 септември.
На видеото, снимено од рибарскиот брод, се гледаат членови на екипажот на палубата како го набљудуваат товарниот брод што се приближува.
Tremenda colisión marítima en Singapur. El buque de carga de pabellón panameño ‘First Margaux’ (eslora 229 m) y el pesquero de pabellón chino ‘Lu Qing Yuan Yu 108’ han chocado y el panameño se ha hundido. https://t.co/ZY52LRcV9S
— Zigor Aldama 齐戈 (@zigoraldama) September 20, 2026
Според достапните информации, First Margaux во тој момент испловувал од Сингапур. Како што товарниот брод опасно се приближувал, еден од рибарите почнал да гестикулира кон внатрешноста на бродот, веројатно сигнализирајќи му на капетанот да се помести. Во позадина се слушаат извици додека екипажот очигледно се обидувал да го предупреди бродот што се приближувал.
Сепак, реакцијата дојде предоцна. Товарниот брод удри во десната страна на рибарскиот брод, предизвикувајќи паника. На снимката се гледа како бродот се навалува од силината на ударот додека големо количество вода ја преплавува палубата. Членовите на екипажот се држеа за оградата за да не паднат во морето. Иако ситуацијата донекаде се смири кон крајот на видеото, сè уште можеше да се слушне викање.