„Доктор Офболи“ – балетската приказна за најмладата публика на 26 септември


doktor-ofboli-4.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 26 септември, со почеток во 19.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, една од најгледаните балетски претстави за најмладата публика.


Оваа бајковита балетска приказна ја прикажува вечната борба меѓу доброто и злото, во која доброто, како и секогаш, победува. Преку музиката, танцот и сценската визуелност, „Доктор Офболи“ ја раскажува приказната за добрината, храброста и пожртвуваноста, низ низа возбудливи и динамични сцени.

Претставата е создадена според сказната на рускиот писател К. Чуковски, со музика на Игор Морозов. Кореографијата е на познатиот руски балет-мајстор Михаил Крапивин, додека сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои преку танцот ја оживуваат приказната за добриот доктор Офболи и неговите авантури. Со својата динамична кореографија, впечатлива сценографија, живописни костими и музика, претставата создава бајковит сценски свет и го доближува балетот до најмладите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK