Скопје со литија и молитва го дочека празникот Мала Богородица


litija-bogorodica-screenshot-2026-09-21-085622.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Православните верници денеска го празнуваат Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица, еден од големите Богородични празници.


Во пресрет на празникот, стотици верници вчера се собраа во центарот на Скопје и учествуваа во молитвена литија. По празничната вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, верниците се упатија во молитвена поворка низ градот, во која беше носена и иконата на Пресвета Богородица – Троеручица.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски порача: „Обединети во верата и надежта, со заедничка молитва за здравје, мир и благосостојба, го пречекуваме овој голем празник. Силата на Скопје е во неговите луѓе, во добрината и во подадената рака“.

Празникот е посветен на раѓањето на Дева Марија, мајката на Исус Христос, и се поврзува со семејството, мирот, здравјето и благосостојбата.

Пресвета Богородица меѓу верниците се почитува и како заштитничка на мајките и децата, а на неа во молитва ѝ се обраќаат и жените кои се борат за потомство. Бремените жени, пак, се молат за здравје и за лесно и безбедно породување.

Според народните верувања, на овој ден треба да се избегнуваат расправии и кавги, да се помине времето во мир со најблиските и да се упати молитва за здравје. Празникот во народната традиција се поврзува и со нови почетоци и со преминот кон есенскиот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK