Гаро Тавитјан стана дел од светската тапанарска енциклопедија, ги претстави и македонските ритми


garo-tavitjan-screenshot-2026-09-20-213944.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот музичар Гаро Тавитјан објави дека е вклучен во Drummerworld, меѓународна платформа и енциклопедија посветена на тапанари, каде што се објавени негови изведби, авторски композиции и презентации на македонски ритми.


„Да се биде дел од светска енциклопедија заедно со најголемите светски тапанари и музичари е куриозитет и се случува за прв пат во Македонската (и Балканска) историја на артист од овие простори. Ова е пласман во премиум светски конгломерати кои не се маргинални туку се врвот на уметноста во светската музичка историја“, соопшти музичарот.

Тавитјан посочи дека особено му значи можноста пред светската публика да ги претстави македонските ритми.



„Кога бев одбран да влезам во светската историја на артисти, побарав да добијам можност да ги презентирам македонските ритми и таа можност ми се овозможи“, напиша Тавитјан.

Тој се осврна и на долгиот пат до меѓународната сцена, потсетувајќи на работата со неговиот брат Диран Тавитјан во рамките на „Тавитјан брадерс“, со кои настапувале на бројни фестивали и концертни сцени низ светот.

Тавитјан во подолгата објава зборува и за значењето на музичкото образование и академскиот пристап кон музиката. Тој посочува дека најголемо влијание како ментор врз него имал неговиот татко, како и неговиот брат, а им се заблагодари и на професорите од кои учел.

„Мене лично мојот татко ми влијаеше најмногу како ментор но и мојот брат додека пак ме описменија професорите Зоран Спасовски и Кристијан. Зоки (од Анастасија) ме научи да читам ноти (за ударни инструменти и тапани) уште во нижо и средно музичко и со тоа ми ги отвори портите за да можам да ги дешифрирам најтешките мајстории на занаетот а кои се запишани во светската литература. Таков потег во вистинско време ми ги отвори очите за да разберам што свирам и како тоа се запишува стручно и подоцна секоја литература ми беше целосно јасна“, напиша тој.

На крајот од објавата им се заблагодари и на своите родители, а особено на мајка си, за која напиша дека го посветила животот на семејството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK