Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степена.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 32 степена.