Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, велат од СДСМ


DSC_3727.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко. Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, реагираат од СДСМ.


„Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети“.

СДСМ со конкретни мерки за како што велат, вистинско намалување на цените.

„Целосно укинување на акцизата за горивата. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти.

Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата.

Ова е конкретна помош што веднаш ќе се почувствува во секое домаќинство“.

Од партијата оценуваат дека значителното поевтинување на горивата ќе ги намали и транспортните трошоци и ќе создаде услови за намалување на цените на храната и на другите основни производи.

СДСМ бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки.

Во време на криза, народните пари, додаваат од таму, мора да завршат кај граѓаните, а не во луксузот и криминалните тендери на власта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK