Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „брзо и очајно“ сака да постигне договор со САД и рече дека тој ќе одлучи дали Вашингтон ќе влезе во преговори. Трамп додаде дека САД се отворени за таа можност, пишуваaт светските медиуми.
Трамп го опиша Иран како „неуспешна нација“ на својата социјална мрежа Truth Social. „Неуспешната нација Иран сака договор, брз и очајно“, напиша тој. „Јас ќе одлучам дали САД ќе се вклучат и ние сме отворени за таа идеја“, се вели во објавата.
Во февруари, САД и Израел започнаа напади врз Иран, а Техеран возврати со напади врз Израел и американски воени цели во регионот. Во јуни, Вашингтон и Техеран, со посредство на Пакистан и Катар, постигнаа договор во Исламабад, но неговата имплементација беше запрена поради несогласувања околу Ормускиот теснец. Потоа САД ги продолжија воените напади врз Иран во август, на што Техеран одговори со напади врз американски воени објекти во неколку сојузнички арапски земји.