Кина: Вештачката интелигенција стана нова арена за стратешко соперништво меѓу големите сили


vestacka-inteligencija-Depositphotos_10563529_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на кинеската разузнавачка служба, Чен Јисин, денес предупреди за ризиците од вештачката интелигенција (ВИ), наведувајќи дека државните податоци, деловните тајни и личната приватност се во опасност, поради што повика на посилни мерки за заштита.


Чен Јисин, кој е и министер за државна безбедност на Кина, нагласи дека ставот на Пекинг е дека технологијата е клучно геополитичко бојно поле и дека вештачката интелигенција стана „нова арена за стратешко соперништво меѓу големите сили“, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Тој предупреди дека вештачката интелигенција може да има системско влијание врз идеолошката безбедност, вклучително и да биде „користена од непријателски сили“ за генерирање гласини и масовно производство на штетни информации.

Тој изјави дека технологијата претставува сериозен ризик за критичната информациска инфраструктура.

„Странските разузнавачки агенции широко користат паметни веб прелистувачи, технологии за пронаоѓање на податоци и профилирање за собирање чувствителни информации, вклучувајќи критични владини податоци, трговски тајни и лични информации“, рече Чен Јисин.

Тој предупреди за растечкиот јаз во развојот предизвикан од монополите на вештачката интелигенција и ги обвини доминантните технолошки сили за нарушување на глобалниот синџир на снабдување со вештачка интелигенција преку методи како што се листи на субјекти, контрола на технологијата, монополизирање на индустриските стандарди и градење екосистеми со затворен код.

Иако Чен Јисин не именуваше ниедна земја, неговите коментари укажуваа на пошироко соперништво на моќ меѓу САД и Кина, каде што Вашингтон отворено изјави дека не може да дозволи Кина да го престигне во развојот на вештачката интелигенција, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK