Три физички пресметки се пријавени во Скопје во период од само десетина часа, при што во еден од случаите биле употребени и тврди предмети, а во друг биле нападнати малолетници.
Првиот случај бил пријавен во петокот попладне во селото Кондово. По претходна расправија, дошло до физичка пресметка меѓу 43-годишниот С.А. и 41-годишниот Х.А.
Само неколку часа подоцна, во раните утрински часови во саботата, физичка пресметка била пријавена и на улицата „Пат за Китка“. Според пријавата, Ф.А. и Д.А. биле физички нападнати од Е.М., Ф.М., И.М. и И.М., при што биле употребени и тврди предмети.
Најновиот случај е пријавен околу 2:40 часот кај Градскиот парк во Скопје. Таму двајца малолетници биле физички нападнати од група други малолетници.
Полицијата работи на расчистување на сите три случаи, по што ќе следуваат соодветни постапки.