Случај на сексуална злоупотреба на малолетно девојче е пријавен во полицијата во Струмица. Случајот го пријавила нејзината 40-годишна мајка, која посочила дека девојчето било сексуално злоупотребено од лице кое го познава семејството.
Според пријавата, настанот бил пријавен во СВР Струмица во текот на ноќта, а полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за пријавениот случај.