ВЛЕН денеска ја објави кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница.
Како што соопштија од ВЛЕН, Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Од коалицијата наведуваат дека неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да се запознае со потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината.
„Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава Општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности“, велат од ВЛЕН.
Оттаму додаваат дека со кандидатурата нудат кандидат со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница.
„Од првиот ден, во служба на жителите на Брвеница“, порачуваат од ВЛЕН.