Одбојкарите поразени и од Украина


805218809_2372215989977118_212254722115534604_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одбојкарската репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на Европското првенство. Во Б групата, попладнево во Софија, Украина ја победи Македонија со 3:0 (25:22, 25:22, 25:10).


Македонските одбојкари успеаја да и парираат на Украина во првите два сета, но целосно се распаднаа во третиот.

Проблемот со приемт на сервисот ја одведе Македонија во пораз. Во првите два сета, избраниците на Јошко Миленковски се држеа, но во третиот кога најдобриот Украинец, Плотницкиј, од 3:3, ја однесе својата селекција на 9:3, немаше враќање.

Токму, Плотницкиј со 16 поени (седум од сервис) беше најефикасен во натпреварот. Македонија немаше ниту еден одбојкар со двоцифрен број на поени, капитенот Ѓорѓиев освои осум, Љфтов седум.

Во третата рунда, во недела, Македонија ќе игра против најголемиот фаворит на турнирот, Полска.

Foto/ facebook.com/volleyballmkd

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK