Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине


nikol-kidman-depositphotos_64326761_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во неодамнешен разговор со Сандра Булок, Никол Кидман зборуваше за своето детство и откри дека се соочувала со одреден проблем додека растела.


Никол Кидман и Сандра Булок напорно работат на промоцијата на филмот „Practical Magic 2“, што подразбира бројни интервјуа за меѓународните медиуми. За време на разговорот со Булок, Кидман спомна дека како дете пелтечела и имала тешкотии да ги изговори речениците.

„Пелтечев кога бев мала“, рече таа. Булок одговори: „Немав поим дека си пелтечела. Колку години имаше?“

„Четири, пет, шест. Околу таа возраст“, ​​се присети Кидман. Таа објасни дека честопати точно знаела што сака да каже, но зборовите не „излегувале“ онака како што таа сакала.

Иако успеала да го надмине проблемот, актерката признава дека и денес понекогаш треба да ја користи техниката што ѝ помогнала да го реши проблемот со пелтечењето. Таа вели дека секогаш кога чувствува дека ќе „заглави“, едноставно го забавува темпото и прави кратка пауза.

„Понекогаш се случува накратко, но ја совладав техниката и научив како да се справам со тоа“, рече таа. Таа се присети и на советите што често ги добивала додека растела: „Сите постојано ми велеа: ’Запри, направи пауза, размисли што сакаш да кажеш, а потоа кажи го тоа’“, објасни таа.

Кидман ги поврза своите тешкотии во говорот со срамежливоста што ја следи уште од детството. Таа вели дека и денес ѝ е тешко сама да влезе во ресторан или да присуствува на некој настан. „Многу сум срамежлива – навистина многу срамежлива. Како дете пелтечев, но тоа го надминав. Сепак, понекогаш повторно се повлекувам во таа моја срамежливост“, рече таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK