(Фото) Четвртоодделенците од Основното училиште „Лазо Трповски“ наградени на меѓународен натпревар во Берлин


lazo-t-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ООУ „Лазо Трповски“, денеска се одржа свеченост по повод големиот успех на учениците од четврто одделение, кои освоија престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Сотир Лукровски, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, кој на учениците им ги врачи пофалниците за нивниот успех и врвно постигнување, извести Општина Карпош.


Наградени се учениците од 4-а одделение, кои под менторство на наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски, го изработија проектот „Нашето патување на Јупитер“. Честитки до учениците: 1. Петрит Адеми 2. Павел Арсовски 3. Михаил Атанасовски 4. Давор Гавриловски 5. Матеј Голомејиќ 6. Милан Ѓорѓевиќ 7. Ирис Граоркоска 8. Дарија Димоски 9. Антонио Ѓорѓевиќ 10. Ѕен Иљовски 11. Лина Јаневска 12. Нора Муфтарова 13. Илина Наумоска 14. Николај Пигуловиќ 15. Јован Симовски 16. Мила Синадинова 17. Андреа Славковска 18. Лукас Трајковски 19. Ана Тренчовска 20. Магдалена Ќурчинска 21. Аце Ѓорѓиески 22. Филипе Георг Вучков Градоначалникот Лукровски им го честиташе успехот на учениците и им посака уште поголеми достигнувања.

„Овој успех е потврда дека знаењето, креативноста и посветеноста на младите можат да донесат големи резултати. Нашите ученици покажаа дека кога имаат поддршка и можност да го развијат својот потенцијал, можат да постигнат значајни успеси и на меѓународно ниво. Искрено им честитам на учениците и на нивните наставници за овој значаен успех и им посакувам уште многу поголеми достигнувања“, истакна Лукровски.

Инаку, натпреварот во Берлин е меѓународен проект посветен на воздушниот и вселенскиот сообраќај, организиран од Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија, во соработка со релевантни германски институции и компании.

За успехот на учениците од Карпош одлучуваше деветчлено стручно жири составено од универзитетски професори, наставници, како и други стручни лица. Општина Карпош продолжува да ги поддржува младите таленти и да вложува во квалитетно образование, како основа за нивниот иден развој и успех.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK