Ноќеска во 03:10 часот во село Житинени, општина Центар Жупа, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 33-годишниот Б.О. од селото Новак.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол кој нелегално го поседувал.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.