(Видео) Барселона со „петарда“ ја отвори ЛШ, Демировиќ со хет-трик го реши Викинг


14277631.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вториот ден од првото коло, во Лигата на шампионите, започна со убедливите победи на Барселона и Штутгарт, во дуелите со Феенорд односно Викинг.


Барселона лесно се справи со Феенорд, победата ја обезбеди во првото полувреме, кога брилијантни голови постигнаа Рафиња во третата и Адејеми во 22-та минута.

Серијата голови во второто полувреме ја отвори Рафиња во 57-та минута, 20 минути подоцна Јамал го постигна четвртиот гол, Сем Стејн намали во 82-та, а три минути подцна со својот прв гол во дресот на Барселона, Габриел Жесус ги постави конечните 5:1.

Во вториот натпревар, Штутгарт го победи Викинг со 3:1, а апсолутен херој на германскиот претставник беше Ермедин Демировиќ.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина постигна хет-трик за само 12 минути. Тој ја затресе мрежата на норвешкиот шампион во 20-та, 26-тата и 32-та минута, додека единствениот гол за Викинг го постигна Златко Трипиќ во 22-та минута.

Демировиќ стана првиот играч на Штутгарт кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите. Во исто време, тој го постигна и првиот хет-трик во новата сезона од елитното натпреварување.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK