ВМРО вели дека враќа 8 милијарди евра што Македонија се задолжила за 35 години, а тие за две години направија 4 милијарди нов долг, велат од СДСМ


mickoski-filipche-VMRO-SDSM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ОКГ денеска тврди дека Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра задолжувања „од времето на СДСМ“. Тоа не е точно, велат од СДСМ.


„Ајде да ги ставиме фактите на маса. За 35 години независност ВМРО беше на власт речиси половина од тоа време – од Георгиевски, преку Никола Груевски и неговите 11 години, до Мицкоски денес.
И во тие години се земаа кредити. И во тие години се создаваа обврски.
Сега Мицкоски и неговата Влада за само две години направија околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е темпо што никој во историјата на независна Македонија не го постигнал.

Организираната банда зборува за „наследени долгови“, а истовремено нејзината Влада продолжува да се задолжува секоја недела, касата е празна, а парите завршуваат во криминални партиски тендери“.

Да земаа кредити за да се отплатата долгови, оценуваат во СДСМ, вкупниот долг ќе се намалуваше, немаше да се зголемува.

А Мицкоск, додават од оваа партија, го зголемува на 4 милијарди евра.

„Разликата е јасна:

• 8 милијарди евра на сите Влади за 35 години.

• 4 милијарди евра за само две години и тоа без резултати за граѓаните.

Статистиката и процентите од БДП не ги полнат фрижидерите“.

Според СДСМ, граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници и во сметките што треба да ги плаќаат нивните деца и внуци.

„Оваа организирана криминална група нема граници – ниту во задолжувањето, ниту во лагите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK