Алијанса за Албанците: Оставки и одговорност за институционалниот неуспех по регистрирани 8 починати и 58 заразени од западнонилска треска


komarec-depositphotos_46995461_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За Алијанса за Албанците, негрижата на институциите е една од главните причини за големата смртност и бројот на заболени од западнонилска треска.


„За жал, во нашата земја се регистрирани 8 починати и 58 заразени од Западнонилска треска, а институциите реагираа дури кога веќе беше предоцна.

Бројките зборуваат сами за себе. Од 2011 до 2025 година се регистрирани вкупно над 54 случаи. Само ова лето, како последица на негрижата на институциите, надмината е бројката од изминатите 15 години, со 58 заразени и осум загубени животи.

Кога една единствена сезона ги надминува бројките од 15 години заедно, повеќе не може да се зборува за природна непогода, туку овде очигледно станува збор за институционален неуспех“.

Според оваа партија, вирусот на Западен Нил не е изненадување и не беше непредвидлив за оваа Влада.

Тој, како што посочуваат, циркулира со години, а одамна е познато дека најголемиот ризик е во месеците јули, август и септември и дека единствената можна заштита е уништување на жариштата на комарците уште напролет.

„И покрај сите овие информации, авионската дезинсекција во Скопје беше извршена дури на 20 и 21 август, откако веќе беше прогласена епидемија, откако веќе имаше починати и откако уште пет лица беа приклучени на респиратор. Вака создадената ситуација не може да се нарече управување со криза, туку целосен неуспех. Тоа го потврдуваат и бројките – бројот на починати и заразени е алармантен.

Само за споредба, Романија има околу 19 милиони жители, а Северна Македонија околу 1,8 милиони. Романија пријавува 58 случаи на Западнонилска треска и 3 жртви.

Северна Македонија, со повеќе од десет пати помалку жители, има 58 случаи и веќе 8 жртви. Тоа значи околу 3 случаи на еден милион жители во Романија, додека кај нас над 30“.

Според Алијанса за Албанците ваквите бројки не можат да се премолчат со изјави и прес-конференции, со оправдување и релативизирање на создадената ситуација.

Прашуваат кој потфрли во превенцијата.

„Кој беше одговорен за дезинсекцијата? Кој требаше да реагира порано? Кој ќе понесе политичка и професионална одговорност?

Осум граѓани ги загубија своите животи.

Време е за конкретна одговорност, оставки и разрешувања на оние кои потфрлија во справувањето со ситуацијата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK