Сончево и топло денес, температурите до 35 степени – од среда дожд и грмежи


dojran-4.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.


Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени, јави УХМР.

Денес и во вторник времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK