Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест


merc-foto-vlada-mk-screenshot-2026-09-06-214210.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле да имаат сериозни последици и врз сојузната политика, особено врз ЦДУ/ЦСУ и канцеларот Фридрих Мерц.


ЦДУ освои помалку од 20 отсто, односно помалку од половина од резултатот на АфД. Генералната секретарка на ЦДУ, Франциска Хоперман, резултатот го оцени како „многу тежок“ за партијата, пишуваат германските медуими, пренесува „Индекс“.

По изборите се отвораат две главни сценарија. Доколку АфД обезбеди апсолутно мнозинство, за првпат би дошла на власт во една покраина партија која е класифицирана како десноекстремистичка. Таквиот исход би предизвикал силен политички потрес и би го зголемил притисокот врз Мерц, кој во сопствената партија би можел да биде сметан за делумно одговорен за резултатот.

Доколку АфД не обезбеди апсолутно мнозинство, се отвора можност за малцинска влада предводена од ЦДУ, која за одредени одлуки би зависела од поддршката на Левица. Тоа, исто така, би било проблематично за ЦДУ, која досега ја исклучуваше соработката и со АфД и со Левица.

Дел од ЦДУ веќе се противи на такво решение. Заменик-претседателот на пратеничката група на Унијата во Бундестагот, Сеп Милер, претходно изјави дека доколку АфД убедливо победи, најпрво таа треба да добие можност да состави влада.

За разлика од ЦДУ, социјалдемократите засега можат да здивнат, бидејќи според резултатите СПД го поминува изборниот праг и останува во покраинскиот парламент.

Дополнителен притисок врз Мерц би можеле да донесат изборите што за две недели се одржуваат во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија. Нивниот исход ќе покаже колку сериозни ќе бидат политичките последици за канцеларот и ЦДУ.

Сепак, распад на сојузната коалиција на конзервативците и социјалдемократите се смета за малку веројатен, бидејќи нови избори би можеле дополнително да ја зајакнат АфД и уште повеќе да го отежнат формирањето влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK