(Видео) Шампионски пресврт на Арсенал против Челзи


14268687.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арсенал славеше против Челзи на домашен терен, во првото големо дерби одиграно сезонава во Премиер лигата. Актуелниот шампион победи по пресвртот со 2:1.


„Сините“ поведоа веќе во втората минута, но не успеаја да ја зачуваат предноста до крајот на натпреварот.

Челзи го отвори натпреварот брилијантно, Морган Роџерс во 80 секунда со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го погоди голот за 1:0.

Арсенал брзо одговори во 12-та минута, кога Рикардо Калафиори ја искористи конфузната реакција во одбраната на Челзи, ја смести во мрежата, но голот беше поништен поради претходен офсајд по проверката на ВАР.

„Топџиите“ продолжија да притискаат и во 25-та минута успеаја да израмнат.

Каи Хаверц, упати прецизен удар надвор од шеснаестникот, го погоди поблискиот агол од голот на Мартинез.

До крајот на првото полувреме, Челзи имаше одлична можност за ново водство. Педро Нето 45+3. во минутата брилијантно помина покрај двајца бекови и ја погоди стативата.

Арсенал продолжи да ја презема контролата, а пресвртот се случи во 50-та минута. Мартин Едегор доби совршено додавање од Конса и со силен удар под пречката го совлада голманот за 2:1.

Микел Артета потоа го освежи тимот со неколку измени, додека Челзи исто така се обиде да најде начин да израмни, но без успех.

До крајот имаше уште неколку измени и картони, а најдобрата шанса ја пропупшти Естевао, неговиот удар совршно го одбрани Раја.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK