Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што се собраа претставнички од целиот свет во борбата за престижната меѓународна титула.
За Мис на светот беше крунисана Жоехири Мола, учителка од Доминиканската Република. Мола дипломирала бизнис-менаџмент и администрација, а денес работи како учителка во Санто Доминго, каде што предава литература и општествени науки.
Прва придружничка беше Елизабет Рејнес од Шпанија, додека титулата втора придружничка ѝ припадна на Танусија Чети од Малезија.
View this post on Instagram
Организацијата „Мис на светот“ по натпреварот на својот профил на Инстаграм објави фотографија од трите најдобро пласирани девојки, како и снимка на која Мола, возбудена и насмеана, ѝ мавта на публиката додека седи на престол украсен со цвеќиња, опкружена со останатите учеснички.
View this post on Instagram
Годинешниот избор за Мис на светот привлече големо внимание уште во прелиминарниот дел, кога претставничката на Уганда, Ел Мухоза, испрати силна порака со својата модна комбинација.
Таа носеше креација на дизајнерката Киша Абдулах, наречена „Слоеви на животот“, осмислена да ги симболизира седумте слоеви низ кои лекарите поминуваат при изведување царски рез.
View this post on Instagram
Фустанот е изработен од слоеви бела, жолта, розова и црвена ткаенина, а бил инспириран од илустрација што ја пронашла Абдулах, на која е прикажана структурата на ткивата при царски рез.
„Концептот е инспириран од слоевите на кои се наидува за време на царски рез, но и пошироко, од необичното патување на донесувањето нов живот на свет. Секоја боја и слој се внимателно избрани за да претстават одредена фаза, текстура или премин во таа приказна, а не одредена раса“, објасни дизајнерката на Инстаграм.
Македонија годинава ја претставуваше 20-годишната Ева Величковска, која не успеа да влезе во финалниот Топ 40.
View this post on Instagram
На настанот имаше вкупно 111 претставнички од целиот свет.