Кели Озборн драстично ослабела по смртта на Ози: „Не знаев дека изгледам така“


keli-epa-2cscreenshot-2026-09-06-181229.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кели Озборн откри дека по смртта на нејзиниот татко Ози Озборн драстично ослабела, а колку се променил нејзиниот изглед сфатила дури кога видела фотографија направена за време на проба на облека.


„Изгледав како некој морничав чувар на гробишта. Помислив: ‘Ова е страшно. Не знаев дека изгледам така’. На ’рбетот ми се гледаше секоја коска“, изјави таа за „Мејл он сандеј“.

Кели вели дека во тој период воопшто не била фокусирана на својот изглед бидејќи била обземена од тагата по смртта на нејзиниот татко во јули 2025 година.

„Не го гледав она што го гледаа другите бидејќи минував низ преголема болка. Гледав само скршена личност“, раскажа таа.

На доделувањето на Греми наградите на почетокот на годинава носела перика со која се обидела да прикрие колку ослабела. Сакала да биде покрај мајка си Шерон и да му оддаде почит на татко си, но стравувала дека нејзиниот изглед ќе привлече повеќе внимание.

„Носев перика за да го прекријам лицето, за да не се гледа колку ми беа вдлабнати јаболчниците“, објасни Кели, додавајќи дека денес смета оти можеби воопшто не требало да присуствува на церемонијата бидејќи во тој момент „не била добро“.

Тагата влијаела и врз нејзината исхрана. Кели раскажа дека тешко јадела бидејќи самата помисла на храна ѝ предизвикувала мачнина.

Истовремено се обидувала нејзиниот тригодишен син Сидни да не биде изложен на најтешките моменти. Кога тој ќе влезел во просторијата, таа се обидувала да ја остави тагата настрана и да биде „забавната мајка“.

Според Кели, Сидни бил особено близок со својот дедо и сè уште речиси секојдневно го посетува неговиот гроб, каде што остава пердув и му раскажува што му се случувало во градинка.

Ози Озборн почина на 22 јули 2025 година на 76-годишна возраст, помалку од три недели по неговиот проштален концерт во Бирмингем.

Кели сега планира документарна серија во три дела посветена на тагувањето и менталното здравје, во која ќе зборува за искуството низ кое поминала.

„Личноста што бев пред смртта на татко ми е мртва. Таа личност повеќе не постои“, заклучи Кели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK